Мис Пиги е најновиот клиент на Вивијан Вествуд

12 февруари 2014

Кралицата на панкот, дизајнерката Вивијан Вествуд ја креираше венчаницата на Мис Пиги за најновиот филм „ Muppets Most Wanted“ во продукција на Дизни. Филмот официјално во кино салите во Америка ќе биде промовиран на 21-ви март, а Мис Пиги ќе  носи кутур венчаница чиј корсет е изработен од рециклирани пластични шишиња, додека целисниот изглед е надополнет со многу тул во нијанса на слонова коска што ја прави Пиги да изгледа романтично и уникатно.

 

Освен венчаницата, дизајнерката Вествуд изработи и уште неколку костими за останатите ликови во филмот. Инаку, секако Мис Пиги во филмот ќе се омажи со својот сакан, жабата Кермит.

Објавено:
12 февруари 2014
Категорија: 
Актуел