Дали е ова иднината на маскарите?

21 февруари 2014

Од време на време на пазарот ќе се појави некаква „револуционерна“ маскара. Кога истата ќе си ја набавиме, сфаќаме дека таа воопшто не го добила вистинскиот епитет. Купувањето на вистинската маскара многу често знае да биде ноќна мора.

Новата маскара што неодамна ја лансираше Сефора навистина ни го привлече вниманието. Ако ништо друго, со вистинскиот, револуционерен изглед дефинитивно се издвојува од сите други што секогаш ветуваат милион пати поголем волумен и 10 сантиметри подолги трепки.

Сефора upside – down маскарата има не една, туку две четкички. Со неа за прв пат, трепките можете да ги фатите буквално во „сендвич“ и на тој начин рамномерно да го нагласите секое едно влакненце од коренот до врвот.

Со оглед на тоа што оваа маскара ги зафаќа сите агли на трепките, веруваме дека навистина постои можност таа одлично да ги нагласува.

Но, скоро секој производ има некоја маана, па така и оваа маскара. Она што е спорно, е тоа што кога ќе ги поставите трепките помеѓу двете четкички, горната дефинитивно ќе ви замачка дел од капакот, бидејќи е невозможно да го избегнете тој допир, што значи дека ќе ви се уништи сенката што претходно ја нанесовте.

Но, сепак вреди да се проба, нели?

Објавено:
21 февруари 2014
Категорија: 
Убавина