Шпанците со оригинални улични изгледи достојни за епитети

26 февруари 2014

Минатата недела или поточно на 18-ти февруари заврши модната недела во шпанската престолнина, Мадрид.  На писта беше пласирана максимална театралност од колекциите, а ако мислевте дека уличните изгледи ќе бидат помалку впечатливи од оние во Лондон, Њујорк и Париз, се лажете. Шпанците и тоа како се модно „потковани“,  а од нивните изгледи пред се ќе ја забележите индивидуалноста и бунтовноста од  стилот. Бидејќи постојано им доделуваме епитети на италијанските мажи, дека се едни од најдобро облечените, ние ќе кажеме дека и Шпанците слободно може да се вбројат во тие рамки.

Смели комбинации од класични предимензионирани капути, тесни машки цигара панталони, крзно и задолжителните моторџиски јакни. И за мажите и за жените во Мадрид, заедничко е што ги преферираат темните бои, а во однос на материјалите омилена омилени им е кожата.  Девојките пак, не се плашат да комбинираат и впечатливи бои и уникатни ексцентрични парчиња. Во продолжение погледнете како беа „обоени“ Мадридските улици за време на модната недела.

Објавено:
26 февруари 2014
Категорија: 
Фото галерија