Невеста низ призма на Наем Кан

1 март 2014

ss 2014

Наем Кан, кого уште го нарекуваат и крал на свечените тоалети, ништо помалку не е гламурозен кога станува збор за венчалните фустани. На модната недела во Њујорк се претстави со колекцијата за пролет 2014, а претходно имавме да ја видиме и онаа за есен-зима 2013/14.

Двете колекции претставуваат своевидно надоврзување. Кога се материјалите во прашање, секако доминира тантелата, а во однос на кроевите позастапени се тесните.

И додека зимската е исклучиво со венчални фустани, а секој од нив е именуван според некој град, во пролетната тој вметнува и свечени тоалети, и тоа во црвена и црна боја. Транспарентноста е исто така еден од трендовите што ги вклучува,  како и фустани со ракави.

Во продолжение погледнете го нашиот избор од неговите фустани. Сигурни сме дека некоја од идните невести ќе ја најде инспирацијата во нив.

Објавено:
1 март 2014
Категорија: 
Бела соба