Во колекцијата за есен-зима 2014/15 Ескада во преден план ги става интензивните бои, како и широкиот спектар на парчиња и кроеви. Оваа, исто како и предесенската колекција за 2014, е инспирирана од работата на уметникот Џејмс Турел.
Колекцијата се состои од различни класични парчиња, „обработени“ на модерен начин и претставени во широка палета на бои. Така, од лежерни костими, преку комбинизони, панталони до глужд, фустани за романтична вечера, па се до долги, гламурозни фустани, модерната жена може да го најде сето она што и треба, велат од брендот.
Изборот на материјали пак прави тие да „паѓаат“ убаво, односно да бидат строго „стегнати“.
Впечатливите бои, како смарагдните, виолетовите, светловиолетовите и темносините, во оваа колекција одиграа важна улога, а покрај еднобојните комбинации, застапени се и оние со цветен принт аплициран во тонови на студените бои.
Софистицираност, женственост и елеганција се зборовите со кои од Ескада ја опишуваат оваа колекција, која ја посветуваат на жените кои без оптоварување сакаат да ја нагласат својата женственост.