Во потрага сте по идеја која вашата венчавка ќе ја направи единствена. Ако сте љубител на природата ова ќе го изведете со задоволство, ако не веруваме дека ќе ви се допадне симболиката. Посадете дрво на денот на вашата венчавка, а тоа ќе биде еден посебен момент со кој ќе ја одбележите вашата љубов, но и таа која ќе расте во иднина. Освен тоа, ќе направите и нешто добро за природата. Дрвото го симболизира спојувањето на вашите животи во еден.
Баш како и во бракот и за дрвото имајте заеднички обврски, гледајте го како расте заедно со вашата љубов. Секој пат кога ќе го погледнете, вашето дрво ќе ве потсети колку сте уживале тој ден, а сигурно ќе ви биде големо задоволство кога ќе го гледате и после 10 години. Садењето дрво го практикуваат многу брачни двојки ширум светот, па зошто да не пробате и вие. Што мислите?