Модната куќа Шанел важи за еден од брендовите кои секогаш нуди оригинални модни визии како на модни парчиња, така и во поглед на модните додатоци. Денес фокусот ќе го ставиме на легендарната Шанел чанта, која низ годините се трудеше да ја задржи уникатната форма и облик по кој што е препознатлива со неверојатни трансформации и украси, поради што стана вистински моден статус симбол на оригиналност.
Целта на модната дизајнерка Коко Шанел која го формираше овој моден гигант е да ги облекува жените во едноставни креации кои ќе симболизираат стилска практичност од глава до пети.
Во 1983 година на чело на етикетата застана „вулканот“, Карл Лагерфелд, кој и на дизајните и на модните додатоци им даде една сосема нова димензија, надополнета со игриви и скотоливи облици, елегантни кроеви, необични форми зачинети со доза на иронија, но генерално модерни, трендовски и шик.
Чантата Шанел во модните кругови е рангирана како посебен вид со специфични мутации низ годините. Еве кои се најинвентивните модели на Шанел чанти почнувајќи од музичките касети во 2004 година, низ скапоцените транспарентни глобуси, хулахоп моделите, па се до последните креации во вид на корпа кој можевме да ги видиме на пистите на последното претставување во Париз за наредната зимска сезона 2004/15 година.