Архитектонскиот дизајн ја карактеризира најновата пролет/лето колекција накит 2013 на модниот бренд Bottega Veneta. Силните геометриски форми на модните додатоци даваат една драматична смелост на женската фигура. Сепак иако силата е главниот двигател на пролетната линија, накитот во однос на бојата се јавува во низа варијации на неутрални нијанси кои ја балансираат комплексната форма и несекојдневниот дизајн кои се потпис на овој годишен ревијален настап на Bottega Veneta. Сите модни парчиња накит се направени од емајлирано сребро низ уникатен екслузивен процес. Целосната колекција е составена од прстени, алки, ѓердани и укосници.
Додека најновиот предизвик сега постои како изненадување во вид на соработка меѓу Bottega Veneta и германскиот керамички производител KPM заради изработка на новата линија керамички накит на модниот бренд за следната колекција есен-зима 2013/2014.