Кои модели беа дел од клучниот „персонал“ на модните писти оваа сезона?

12 март 2014

Треската наречена „модна недела“, сè уште е актуелна во филмскиот град на ангелите, Лос Анџелес. Генерално импресиите и впечатливите моменти кои беа најактуелни кога модниот караван „јаваше“ низ Европскиот континент, полека стивнуваат и она што останува за крај се сумирањата на резултатите и анализите. Модните критичари и стилисти врз основа на она што беше промовирано веќе ги најавија следните трендови, најпопуларните колекции, најинвентивните комбинации, најмодерните модни додатоци и најспектакуларните модни перформанси. Она што остана за крај, како десерт се главните протагонисти без кои модните шоуа ќе немаат никаква смисла. Модните дизајнери се одлучија во своите редови да ги остават своите фаворити, но имаше и такви манекенки кои се закитија со епитетот откритие на годината.

Настја Стан кај Диана вон Фурстенберг Настја Стан кај Диана вон Фурстенберг

Според податоците на ранг листите хероината на модните недели за наредната зимска сезона беше дефинитивно рускиот модел Настја Стан. Манекенката ги разгази пистите на вкупно 63 ревии за време на модните недели. Моделот имаше чест да отвори четири промоции и задоволство да ги затвори презентациите на Дијан вон Фурстенберг и Шанел. Ова е  голем успех на Настја, која што од модел без некое импозантно искуство веднаш премина во А-листата на најангажирани модели и се најде веднаш зад  манекенката Мануела Фреј со која ја делат заедничката челна позиција.

Настја Стан кај Шанел Настја Стан кај Шанел

Следната манекенка која се најде на листата за најангажирани модели на изминатите модни недели е Саша Лус. Станува збор повторно за руска манекенка која учествуваше на 54 ревии, од кои како најзначаен момент ќе го издвоиме отворањето на модната ревија на Том Форд во Лондон и заокружувањето на претставувањата на двата модни гиганти DKNY и Ерве Леже од Макс Адриа.

Саша Лус, Том Форд Саша Лус, Том Форд

Кара Делевињ, Шанел Кара Делевињ, Шанел

„Манијата“, наречена Кара Делевињ, веќе не е толку активна како порано. Во моментов таа повеќе ужива во славата која ја стекна, особено како миленичка на Карл Лагерфелд, отколку во работните ангажмани како модел. Делевињ, приватно е мошне блиска со актерката Мишел Родригез, со која веќе подолго време е во преговори за снимање на филмски хит. Се чини дека Кара својата кариера како модел мудро ја искористи за остварување на други цели. Сепак доколку се вратиме на модните писти, со сигурност ќе го прогласиме за најмаркантно нејзиното појавување на пистата за Шанел, заедно со Лагерфелд.

Кендал Џенер, Марк Џејкобс Кендал Џенер, Марк Џејкобс

Ола Рудницка и Јана Годња Ола Рудницка и Јана Годња

Годинава видовме и добар број на нови лица кои за прв пат зачекорија на светските модни писти, а успешно беа ангажирани за повеќе дизајнери и големи модни куќи.  Дел од оние кои направија вистински пробив на модната сцена оваа сезона се: Јана Годња, Касја Жужечка, Шарлин Хогер, Алиса Еман, Софи Туше, Ола Рудницка, Карла Чифони,Лејла Нда, Харлет Кусик, Жозефин ван Делден, Валешка Горчевски, Ронја Фурер и Имам Хамам. Меѓу нив особено се истакнаа полскиот модел Ола Рудницка со своето ангелско лице и украинката Јана Годња.

Фреја, Меги Рајзер и Кирстин Лилигрин Фреја, Меги Рајзер и Кирстин Лилигрин

Едно од најочекуваните модни шоуа беше на Николас Гескиер кој што прв пат дизајнираше за француската модна куќа Луј Витон. Интересно е што дизајнерот за својата ревија ангажираше повеќе модели почетници, покрај веќе афирмираните. Па така на модната писта продефилираа и Фреја, Лија Кебеде, Меги Рајзер и Кирстин Лилигрин, кои се и фаворити на самиот Гескиер уште од времето кога работеше како креативен директор на Баленсијага. Убаво е да се види враќањето на „старата гарда“ модели на писта.

Бинкс кај Сен Лорен Бинкс кај Сен Лорен

Единствена негативна страна која предизвика скандал во модните кругови, беше условно кажано дискриминацијата на црномурестите модели кои и ретко се појавуваа на пистите. Кај Сен Лорен, единствениот модел со различна боја на кожа беше Бинкс.

 

Објавено:
12 март 2014
Категорија: 
Сцена