Инспиративен накит како мотиватор за женските апетити

15 март 2014

Сигурно ќе се согласите дека нам жените секогаш ни е добредојдено парче плус накит. Дури и да поседуваме повеќе од  доволно, повторно ќе мислиме дека нешто ни недостига или пак оние парчиња што сме ги виделе во излозите, веднаш посакуваме да ги имаме. Модните недели, уличната мода и ѕвездите, секогаш се инспиративен момент и некој вид на насока за тоа што е ново и трендовско. Неколку сезони наназад се актуелизираше трендот на носење повеќе прстени на една рака, исто така се исклучи правилото дека не се комбинира сребрена и златна нијанса на накитот, а уште повеќе се зголеми и комбинирањето на повеќе парчиња одеднаш на двете раце.

Прстени и алки во различни форми, со синџирчиња, бисери, кристали се едни од најприменуваните. Од галеријата подолу можете да погледнете фотографии на интересни модели од кои можете да се инспирирате пред да тргнете во пролетен шопинг на накит за вашите раце.

Објавено:
15 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци