Александра Шулман – Никој не сака „вистински“ жени на насловна страна

18 март 2014

Во интервју за радиото BBC 2 Александра Шулман разговарала со гостинката – водител Лили Ален за тоа какви насловни страни најдобро се продават. Уредничката на британскиот Вог открила дека преферира насловни страни во уметничка конотација, но дека тоа ретко се применува бидејќи мора да се пронајде баланс помеѓу креативноста и продажбата.

„Луѓето постојано ме прашуваат зошто ги форсираме слабите модели? Вистинските жени изгледаат така! Но финтата е во тоа што никој не сака да ги види жените во нивното вистинско издание на насловна страна на Вог. Луѓето не купуваат Вог за да го видат тоа што можат и самите кога ќе се погледнат во огледало. Тоа може да го добијат бесплатно“ – изјавила Александра.

Објавено:
18 март 2014
Категорија: 
Сцена