Визуелните ефекти - предизвик за очи и стил

19 март 2014

Во текот на модните недели во Лондон, Њујорк, Милано и Париз, се појави тренд кој сите го забележаа - парчиња облека со визуелни ефекти.

Овој тренд претставен преку колекциите за есен-зима 2014/15 дојде како вистинско освежување од строгите форми и зимските бои. Се работи за дезен кој внесува живописност во изгледот, но и смелост. Од сензибилитетот на модната куќа, односно дизајнерот зависи до која мерка ќе биде изразен визуелниот ефект.

Дрис Ван Нотен Дрис Ван Нотен

Така, додека Унгаро или Стела Макартни на пример се одлучија за посмирена верзија, во колекцијата на Ботега Венета е далеку поизразен. Исто така, не е важно од кој материјал е изработен моделот, важно е да ги предизвика вашите очи. Овој тренд е применет и кај плетени парчиња, капути, но и кај креации изработени од полесни материјали.

Стела Макартни Стела Макартни

Визуелниот ефект се остварува преку формите, но и боите. Така кај Кензо има комбинација на загазити бои, додека кај Шанел или Питер Пилото е сосема спротивното.

Во зависност од тоа каков е вашиот сензибилитет и моден вкус, одберете го и дозирајте визуелниот ефект што ќе ве издвои од толпата, а во продолжение следат неколку предлози од модните писти.

Александар Ванг Александар Ванг

Кензо Кензо

Just Cavalli Just Cavalli

Објавено:
19 март 2014
Категорија: 
Тренд