Модниот бренд Топшоп знае да понуди едноставни и лежерни модели кои може да се искористат за појавување на црвениот килим. Прво Бијонсе при посета на Британската престолнина се одлучи за црно – белиот мини фустан во пруги, во комбинација со црни класични салонки.

Од друга страна, Џенуари Џонс ја носеше оваа креација на свечена гала во Холивуд. Убавата русокоса, изгледот го комплетирала со лаковани сандали, металик чанта и впечатлив црвен кармин.

Според вас, која подобро изгледа во креацијата од Топшоп?

Објавено:
24 март 2014
Категорија: 
Стилски двобој