el-01

На својата матурска забава, значајно е матурантите да останат доследни на својот личен имиџ и за една ноќ да не го трансформираат својот стил во нешто што за нив е непрепознатливо. Затоа, кога се прави изборот на облека, најдобро е да започнат од нивниот индивидуален вкус.

За девојките кои преферираат роматичен изглед, но истовремено се доволно храбри да ја избегнат конвенционалноста, Елена Лука им предлага повеќеслоен нијансиран фустан кој е богато волуменизиран во долниот дел.

Градацијата на бои се прелева од бела до нијанси на крем.

Горниот дел е изработен од бел сатен додека пак струкот  е нагласен  со транспарентна тантела. Во продолжение на спојот на овие материјали, во најразлични форми од органтин, рачно моделиран е долниот дел од овој уникатен фустан, потпишан од Елена Лука.

Совршената комбинација на чевли и аксесоари ќе ве направат единствена на вашата матурска вечер. Одберете ѓердан со бисери во бела и сива нијанса. Бојата на ѓерданот  најдобро е да се синхронизира со изборот на вашата клач чанта.

Доколку одберете клач чанта со циркони потрудете се бојата на цирконите да не се разликува од вашите останати модни аксесоари како: нараквици, прстен, обетки и слично.

За комплетирање на вашиот стајлинг за матурската вечер одберете сандали на високи потпетици изработени од комбинација на сатен во црна и беж боја.

Објавено:
24 март 2014
Категорија: 
Без категорија