Омиленото годишно време за многумина започна. Пролетта е идеална за ослободување од тешките зимски парчиња облека кои полека веќе ги пакуваме од нашите гардеробери. Речиси секоја девојка и жена се наоѓа во конфузија што да облече во ваков преоден период од зима кон пролет, а ние во продолжение ви нудиме седум модни  совети за тоа кои парчиња да станат најпрактичните за комбинирање,  кои притоа ќе ви овозможат модерен и тренди изглед. Модниот свет веќе е преокупиран со пролетните модни трендови, а љубителките на модата веќе се „зафатени“ со спојување на најинтересните дизајни, бои и форми. Како и секоја измината година и оваа исто така носи нови модни трендови, затоа вие букирајте што е најдобро за вас и бидете во тек со она што е „ин“ за оваа пролет.

Природна женственост

Основните парчиња што овој период треба да ви бидат први при рака се таквите од тантела, цветни принтови и многу детали. Експериментирајте со лелеавите здолништата и фустани во А крој, а притоа не одете предалеку од едноставноста. Голем хит се панталоните со широки ногавици кои ве советуваме да ги комбинирате со едноставни памучни маички, кошули, кои пак од друга страна ќе ви дадат и елегантен изглед. Охрабрете се и во однос на боите, извадете ги сите лесни пастелни парчиња и почнете да ги правите вашите омилени пролетни стајлинзи.

 

Геометриски принтови

Ако се уште немате парчиња со геометриски принтови, време е да инвестирате во нив. Геометриските принтови прошируваат возбудлив пресврт на вашиот изглед, а доколку се носат правилно делуваат освежувачки. Овој принт изгледа естетски елегантен, а трикот лежи во тоа што треба да ги комбинирате со минималистички парчиња во една боја.

 

Бомбер јакна

Овие јакни се појавија во 90-тите, а сега се модифицирани и застапени речиси во секоја пролетна дизајнерска колекција. Изберете си таква во некоја впечатлива силна боја како портокалова, розова, небесно сина, со кожени ракави или пак со цветен принт.  Позитивното е тоа што можете да ги комбинирате со краток шорц, фармерки, здолништа и миди фустани. Бомбер јакните се сензационални и помалку алудираат и на андрогеност од изгледот.

 

Лелави здолништа

Фалтирани, транспарентни, во А крој, макси и миди било кое од овие здолништата што ги наведовме, се едни од најприменуваните од уличната мода во Њујорк, Лондон, Париз и Милано. Најважно е само да ги комбинирате со вистинска блуза. Секогаш водете се по тоа од каков материјал е изработено здолништето. Секако водете сметка и на струкот, доколку тој е висок спојте го со горно парче кое ќе го вовлечете во појасот, а како алтернатива може да биде и  краткиот топ.

Покажете рамена

Голите рамена можете да си ги дозволите за некоја опуштена атмосфета, но не и за формална. Доколку веќе и претходно сте практикувале да покажете кожа во горниот дел, тогаш немојте да го откривате и деколтето или нозете. Тогаш вашиот аутфит може да изгледа помалку оскудно.

 

Колорна координација

Размислувајте за нешто впечатливо и светло. Кенди нијансите направија бум за оваа пролет, а тоа се однесува на розова, жолта, портокалова, зелена, виолетова, сите во нежен тон. Вие треба да бидете внимателни во експериментирањето со нив и ќе останете во нивна координација и баланс. На пример, розовата блуза носете ја со бели панталони или здолниште. Беж, со виолетова или портокалова, жолта со небесно сина, но во секој случај комбинирајте ги да бидат контрастни една со друга.

 

Мохороматска магија

Црно белите комбинации се сеприсутни. Едноставно нивната минималистичка страна ги прави да бидат најпрактични, а истовремено и безвременско модерни. Ако не сте љубител на впечатливите и неонски бои, ваквите колорни комбинации се вистинските за вас. За комбинацијата да не биде досадна, експериментирајте со различни модели, принтови и текстури. На суптилната и софистицираната појава ќе ве следат само комплименти.

Објавено:
26 март 2014
Категорија: 
Направи сам