Пролетна инспирација за секој ден во месецот

26 март 2018

 Нема жена која макар еднаш во животот не кажала: „Немам што да облечам“. Всушност, најчесто и имаме, само ни недостасува креативност или инспирација за тоа како „старо“ парче можеме да носиме на нов начин.

Пролетта е убава бидејќи тогаш со природата, се буди и креативноста и желбата да се изгледа што подобро. Но, овој преоден период знае да биде и мошне незгоден поради временските промени, па некогаш навистина не знаете што да облечете. 

Од друга страна, слоевитото облекување кое најчесто го препорачуваат модни инсајдери може да биде позитивна страна, бидејќи ќе можете да покажете како вие ги комбинирате парчињата и притоа да го покажете својот стилски печат.

Пред почетокот на следниот месец, во продолжение погледнете 30 модни комбинации од светските модни метрополи кои сигурни сме ќе ве инспирираат како можете да изгледате, со што да се подновите или како да вклучите некое парче во својот стајлинг.

#1 Бомбер јакна+џинс или панталони+интересна кошула

 

#2 Повеќе розови нијанси

 

#3 Фустан преку фармерки

 

#4 Принт на принт

 

#5 Одело+сандали+шик модни додатоци

 

#6 романтична тантела+колор-блок чевли

 

#7 плисирано здолниште+свилена наметка/кошула фустан (раскопчан)

 

#8 кожен мантил+ретро шорц

 

#9 ролка+елек+панталони до глужд+патики

 

#10 Парчиња/модни додатоци со реси

 

#11 Широко едноставно здолниште+краток топ со принт

 

#12 кожени панталони + блуза во интензивна боја

 

#13 Комбинезон+кошула

 

#14 едноставен фустан+мантил

 

#15 бела комбинација+парче во контрастна боја

 

#16 панталони со широки ногавици+блуза+шапка

 

#17 кошула на врзување+мини здолниште

 

#18 фустан со голи раменици+пастелни чевли на висока потпетица

 

#19 џинс на џинс

 

#20 сафари панталони+лакиран мантил

 

#21 Одело+впечатливи модни додатоци

 

#22 плетенини + кожена јакна

 

#23 интензивна боја+интензивна боја

 

#24 Впечатливи принтови+украсни копчиња/украсни камчиња

 

#25 цветни мотиви во сите варијанти

 

#26 неутрална комбинација+жолти модни додатоци

 

#27 панталони со висок струк+ремен

 

#28 бел џинс+кошула на риги+мантил

 

#29 виолетова - боја на сезоната

 

#30 фустан + ролка/кошула

 

Бонус: #безвременска црно-бела комбинација

Објавено:
26 март 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.758 пати