Џенифер Конели - жена со поглед кој продира

27 март 2014

Актуелна е со филмското остварување „Ноа“, каде ја има главната улога, но покрај талентот, Џенифер Конели  вниманието на јавноста го привлече со својот сексапил и модните трансформации, што доведоа до нејзино модно созревање.

Таа ја започнува својата кариера со десет години. Но не како актерка. Семеен пријател им предложува на нејзините родители да ја пријават на аудиција за манекени. Уште како девојче почнува да се појавува во весниците и рекламите за големи магазини како „Seventeen“. Набгу следи и нејзиното деби во ТВ рекламите.

Џенифер ја забележува директор на еден кастинг и ја запознава со режисерот Серџо Леоне, токму во времето кога тој бара девојка за неговата гангстерска приказна, „Беше еднаш во Америка“ (1984). Џенифер го „освојува“ и лесно ја добива улогата. Иако улогата е сосема мала, дури и кусото појавување било доволно да се воочи нејзиниот талент.

Се запишува на Универзитетот Јеил, а потоа после две години се префрлува на Стенфорд. Од 1979 година започнува нејзината фимлска кариера, а со тоа и нејзините успеси. Сепак, и покрај сите филмски остварувања во нејзината кариера, најголем впечаток кај неа, не само професионално, туку и лично, оставил „Прекрасен ум“.

Но, нејзиното телевизиско појавување не се оградува само на седмата уметност, па оние што имаат остро око можеа да ја забележат и во видео спотот за песната „I drove all night“ на Рој Орбисон, каде се појавува во жешки сцени со тогаш легендарниот Брендон од серијата „Беверли Хилс“, односно Џејсон Присли.

Дури и најверните обожаватели на Џенифер Конели не знаат дека таа се обиде да заплови и во пејачките води. Кон средината на 1980-тите таа за јапонскиот пазар го издаде синглот „Monologue of love“ и во таа песна пее на јапонски, пропратена со класични инструменти. На втората страна на плочата е нејзино интервју со инструментална музика во продолжение.

Џенифер течно зборува италијански и шпански. Всушност, за неа постои мислење дека е една од најприземните луѓе во Холивуд затоа што никогаш не дозволила славата да и удри во глава. Исто така, важи за една од најинтелигентните актерки, која соговорникот го остава да се прашува дали е повеќе убава или умна.

Но, и покрај специфичниот маркантен изглед, впечатливите веѓи и продорниот поглед, кои беа сосема доволни причини за модната куќа Баленсијага во 2008 година да ја ангажира за свое заштитно лице, Конели во повеќе наврати изјави дека одбива слепо да ги следи холивудските идеали за убавина.

Steven-meisel

-Тоа што ми е важно се среќата и здравјето. Можеби така се чувствувам затоа што познавам луе кои се мачеле себе си за да ги достигнат дефнициите за она што денешното општество го смета за убаво - вели таа за магазинот „Алур“.

Кога е модата во прашање, таа секогаш бира посмирени комбинации, но честопати „влетува“ од тренд во тренд. Неа никогаш нема да ја видите со шарени прамени во коса или откачен, впечатлив маникир.

Нејзиниот заштитен знак се токму црната коса и впечатливите дебели веѓи.

-Овие веѓи ги имам уште од моите рани 20-ти. Никогаш ништо не им правев. Мојата тетка Рејчел „ме исплаши“ и ми рече никогаш да не ги кубам веѓите. Таа секогаш претеруваше со нејзините па потоа ги црташе со молив. Многу мејк ап артисти се обидуваа да ме убедат да им дозволам да ги искубат, но не попуштав. Кога го снимавме “Прекрасен ум“, мејк ап артистката ме убеди дека се уште ќе ги имам моите веѓи, густи и изразени, само што ќе добијат поубава форма. Оттогаш сама ги уредува и го остранувам само вишокот. Никому не дозволувам да ги чепка - открива Конели.

На црвениот килим сме ја гледале во разни изданија - од авангардни до класични, па и е тешко да се одлучи за тоа кој и е омилен. Носеше креации на Живанши, Виктор и Ролф, Баленсијага, но сите оние на кои се сеќава со задоволство биле впечатливи на еден или друг начин.

2014 на премиерата на Ноа На премиерата на Ноа, во креација на Луј Витон

Секогаш првин го бира фустанот, а потоа фризурата и шминката што ќе ја има, но признава дека тие го дополнуваат или уште повеќе го истакнуваат изгледот. Најголемата промена што ја направила е кога ја сменила бојата на косата во руса.

-Тоа беше за потребите на проектот „Верџинија“. Морам да признам дека се почувствував навистина убаво, навлегов во ликот и ми се допадна промената. Дури едно време размислував да ја задржам таа боја на коса, но сепак не е практично, а и сепак мислам дека црната најдобро ми прилега. Понекогаш имам желба малку да ја осветлам, но сепак тоа знае да биде и опасно имајќи предвид дека не сум тип што многу експериментира - низ смеа раскажува Џесика.

Во продолжение погледнете дел од нејзините модни избори.

 

Објавено:
27 март 2014
Категорија: 
Модна икона