Еден од најценетите модни фотографи на денешницата, Марио Тестино, потекнува од Перу, што пак е одлична причина еден број на француското издание на Vogue комплетно да го посветени на оваа јужно-американска држава и нејзината шаренолика фолк-иконографија. Тестино соработуваше со стилистката и главната уредничка Емануел Алт и на различни локации во Перу ги фотографираше Изабели Фонтана, Кејт Мос, Ерин Васон, Џоан Смолс и Ајмелин Валаде. Фотографот преку своите дела создаде фантастичен омаж на своето Перу и на живописниот фолклор, Инките, Мачу Пичу, мистериозните линии во Наска и на историските локации на Лима.

Објавено:
12 јуни 2013
Категорија: 
Фото галерија