Блескајте во бојата на невиноста

12 јуни 2013

Ако секогаш важи правилото дека малиот црн фустан е задолжителен во вашите гардероби, тогаш за оваа сезона пролет-лето треба и тоа како да се освежите со пар бели фустанчиња. Белата боја никогаш не излегува од мода, водечка е во уличната мода а и за сезоната, голем број на брендови нудат широка лепеза на модели во оваа боја.

003-zara

Кога носиме бело подобро се чувствуваме во топлите денови, а позитивното е во тоа што лесно може да се комбинира со останатите пролетни и летни стајлинзи.

Меѓу најбараните модели се на брендовите „H&M“,„Mango“, „Zara“, „Lindex“, „Bershka“ и „Asos“. Во нивните колекции може да се сретнат од мини до макси фустани  во бела боја, украсени со нитни, дискретни симболи и кожни детали. Во галеријата подолу можете да погледнте дел на едни од најпопуларните или најкупуваните бели фустани.

Објавено:
12 јуни 2013
Категорија: 
Тренд