Мултифункционалноста на миди здолништата

10 април 2014

Реинкарнацијата на миди здолништата оваа сезона налага пред се објаснување за должината на истото. Ова модно парче се нарекува миди затоа што е должина на здолниште само неколку сантиметри над глуждот, а не веднаш под колената како што многумина мислат.

Што се однесува до формите и материјалите не постои ограничување како во однос на должината, односно модните брендови понудија толку богат избор на модели кои варираат во однос на волуменозноста, нијансите, принтовите, апликациите, а особено модерни се плисираните модели.

Предноста на миди здолништето е што е адаптибилно за секојдневен стајлинг, од комбинација за време на извршување на работните обврски (секако доколку нема строг дрес код), па се до идеален стајлинг за вечерни, лежерни излегувања.  Ова модно парче е премин од ултимативна, па се до мултифункционална мода.

Уличната мода фокусот го насочува кон варијабилноста на миди здолништата и нивната склоност за ефективно комбинирање како за дневни, така и за вечерни стајлинзи.  Преку ден ова парче лесно се комбинира со едноставни маици или блузи, а вечерните аутфити, дозволуваат игра со кратки топови, кошули, сакоа и секако модни додатоци кои се неопходни за целосен изглед.

Бидејки сме во период од годината кога времето е променливо, мораме да ја истакнеме предноста на миди здолништето во зимската, но и пролетна сезона и преминот во лелеави материјали кои овозможуваат леснотија во секојдневното функционирање.

Во 2011 година, назад на модната сцена миди здолништето го претстави модната куќа Клое и од тогаш веќе неколку сезони по ред не губи од својата вредност. Доколку можете да инвестирате, изберете миди здолниште изработени од свила или шифон, а традиционално кожените здолништа никогаш не излегуваат од мода.

Како што веќе напоменавме, миди здолништата се одлични за опуштено, секодјневно функционирање, но доколку сакате да ја истакнете силуетата на телото, тогаш одберете тесно миди здолниште кое ќе го истакне вашиот струк, најчесто со здолништата со A крој или пак пенкало здолништа.

За крај, ние ве советуваме оваа пролет задолжително да си набавите миди здолниште кое ќе ви биде одличен избор за лесно комбинирање на повеќе стајлинзи и овозможува впечатлив изглед со добар избор на модни додатоци

Објавено:
10 април 2014
Категорија: 
Тренд