Иако можеби за нас нејзиното име е малку тешко за изговор, модниот свет многу добро знае која е таа. Аслауг Магнусдотир е првата Исланѓанка која се стекна со титулата MBA на Харвард, а нејзината биографија е исполнета со референци на кои многумина можат да и позавидат. Има 47 години и е моден финансиски маг, а воедно и една од омилените личности на Вог или уште наречена и добрата вила на модата.
Родена е во Рејкавик, а детството го поминува на релација родниот град и Лос Анџелес. На Исланд запишува студии по право, а потоа и на Duke University. Образованието го комплетира на Harvard Business School.
Нејзините први излети во модата се токму за време на студентските денови, кога помага при водењето на модна агенција. Првата серизона работа врзана за модата е позицијата на директор за инвестиции во компанијата Baugur Group. И таа а и другите сфатија дека Аслауг е еднакво добра и за мода и за финансии.
После неколку години, компанијата доаѓа на идеја да го основа сајт. Концептот е заснован на претпоставка дека богатите дами ширум светот ја сакаат облеката штом ја видат на писта, пред да биде достапна во некоја луксузна стоковна куќа или во продавницата на конкретен бренд.
Но, Аслауг сфаќа дека и е потребен партнер, кој ширум ќе и ги отвори портите на модната елита, а тоа била Лорен Санто Доминго. Таа го препознава потенцијалот на овој проект, кој ќе биде наречен Moda Operandi, па за само година дена успеава да собере донации вредни 36 милиони. Сите водечки модни и медиски имиња им даваат поддршка, а најголем дел од парите ги инвестира корпорацијата LVHM.
Но, кога сите мислеа дека проектот цвета, Аслауг го напушта, а вистинските причини никогаш не се дознаа. Постоеја гласини дека партнерските односи почнале да се распаѓаат, како и тоа дека Лорен смета оти Аслауг не е доволно модно освестена.
Но, тоа не ја запре оваа млада Исланѓанка. Таа се впушти во нов проект насловен како Tinker Tailor, со помош на кој им се овозможува на корисниците редизајнирање на брендираната облека. Секој дизајнер дава одредени можности и цена која мора да ја платите за корекциите. Облеката не ја добивате во рок од неколку дена, како на останатите сајтови за нарачка на најлуксузна облека, туку чекате и по неколку недели. Има околу 50 брендови вклучени во овој проект меѓу кои и Џамбатиста Вали, Алберта Ферети, Родарте...
Она што е исто важно е дека работејќи на кариерата, таа паралелно работеше и на својот стил. Ги користи сите поволности кои ги нуди технологијата, и секоја замисла ја спроведува во дело. Затоа е и едно од највлијателните, омилените и способните лица во модната индустрија.