Барби конечно и на филм

25 април 2014

pink diamond barbie head

Компаниите Sony Pictures, американскиот произведувач на играчки Мател како и Паркс и Мекдоналдс и Image Nation ќе ги здружат при креирањето на акциона комедија во која главната улога ќе ја има Барбика.

Снимањето треба да започне кон крајот на годината, а амбициозниот проект би требало да прерасне во серијал на филмови. Сценариото за првиот дел го потпушува Џени Бикс, а продуценти се Волтер Паркс и Лори Мекдоналд.

Популарната кукла која на пазарот се појави во март 1959 година во текот на децениите го менуваше својот стил, па имавме можност да и се восхитуваме како принцеза, претседателка, сирена, но и филмска ѕвезда. А сега и официјално ќе стане тоа.

Од студиото најавуваат дека во филмовите ќе бидат искористени повеќе од нејзините „улоги“.

-Секогаш мислевме дека приказната за Барби има голем потенцијал, но се' се вклопи кога Џени, Волтер и Лори ни донеосоа неочекуван, паметен и навистина духовит концепт. Тој го опфаќа она што Барбика ја направи да биде класика за генерации наназад. Уверени сме дека оваа наша Барбика ќе ја воодушеви публиката, без оглед на тоа каде авантурата ќе ја однесе - изјави Хана Минџела, во име на компанијата Columbia Pictures.

Барбиката на филм ќе биде всушност втора соработка на компанијата Sony Pictures и Mattel, кои моментално работат на филмската адаптација на Masters of the Universe, заснован на популарните акциски фигури на Mattel.

Објавено:
25 април 2014
Категорија: 
Сцена