Новата Мери Џејн во фустан на Прада за премиерата на „Чудесниот Спајдермен 2“

25 април 2014

Ема Стоун Ема Стоун

Пред само еден ден во Зигерфелд театарот во Њујорк се случи премиерата на долгоочекуваниот и популарен филм „Чудесниот Спајдермен 2“ во режија на Марк Веб. Меѓу највпечатливите на црвениот килим секако беше актерката Ема Стоун во пастелен макси фустан на Прада, која  во новото продолжение на филмот  ја игра улогата на Мери Џејн, односно големата љубов на човекот-пајак.

На свечената премиера се појавија и Ендру Гарфилд, Џејми Фокс, Крис Купер и многу други. Инаку, улогата на главен суперхерој ја има актерот Ендру Гарфилд, а негови противници се Електро, Рајн и Зелениот Гоблин, односно негативците ги играат Џејми Фокс, Срис Купер и Пол Џијамати. Познатите на црвениот килим и официјалниот трејлер ги гледате во продолжение.

 

Објавено:
25 април 2014
Категорија: 
Сцена