Избелете ги ноктите за 5 минути
•
26 април 2014
Ако сте од оние љубители на лакови за нокти, па постојано ги украсувате во разни бои, сигурно се соочувате и со пожолтени нокти. Се работи за жолти дамки што ги предизвикува лакот, а речиси е невозможно да се избегнат. Но, постои еден сосема едноставен и брз трик, што го решава овој проблем.
За тоа потребна ви е стара четкичка за заби и паста за избелување на заби.
На четкичката нанесете паста за заби, токму како кога миете заби. Потоа секој нокт ичеткајте го детално, па доколку е потребно повторете ја постапката неколк пати.
На крајот исперете ги ноктите и избришете ги со чиста крпа.
Ова брзо решение помага и кај ноктите на рацете и нозете.