Стилската девојка Кендис го има најколоритниот профил на Инстаграм: Вреди да се следи!

5 мај 2014

Ако Инстаграм имаше Technicolor филтер, дефинитивно ќе беше наречен по Кендис Молајем. Девојката со постојана адреса во Лос Анџелес и вљубеничка во Етси, ги прави најколоритните комбинации на светот со помош на уникатната имагинација што ја поседува.

Покрај тоа што Кендис поседува магичен талент за комбинирање на боите и материјалите, таа е и извонреден тату артист и неверојатен уметник.

На нејзиниот Инстаграм профил има голем број на следбеници кои што постојано се во исчекување на нови колоритни фотографии од кои што црпат инспирација.

Кендис пак, својата инспирација ја бара насекаде. Таа постојано прави магични колоритни фотографии каде и да оди...Па така, на својот профил поставува прекрасни фотографии од нејзиниот дом, од ентериери, декорација, секојдневни комбинации и што уште не.

Во продолжение ви прикажуваме некои од нејзините Инстаграм фотографии, а доколку се уште не станавте нејзин следбеник, сторете го тоа веднаш!

Кендис е вистински извор на секојдневна инспирација!

Објавено:
5 мај 2014
Категорија: 
Сцена