Оваа 40+ модна блогерка го има најколоритниот и весел стил: Можам да трчам маратон во високи потпетици!

1 септември 2020

Нејзината цел е да го направи своето, но и секојдневието на нејзините следбеници, што повесело и пошарено.

Нејзиното име е Карин и таа е +40 модна блогерка од Амстердам чија водечка девиза е: Не верувам во правила во модата!

И тоа навистина ќе го забележите во нејзиниот имиџ. Игрив, колоритен, дамски, дури на моменти драматичен, мешавина на стилови од различни декади – без правила, таа дефинирала препознатлив стил поради кој многумина ја обожуваат и се пронаоѓаат во нејзиниот став. Не можете да го категоризирате и токму тоа е нејзината идеја, да покаже дека имџот е слика на индивидуалноста.

„Карактеристични за мене се фустаните и здолништата, многу боја и забавни принтови, понекогаш со ретро вибрации. Модните додатоци исто така се моја опсесија, а колекционер сум и на чевли и чанти. Можам да трчам маратон во високи потпетици", вели Карин на почетната странца на нејзиниот моден блог catoinamsterdam.com.

Интересен лик што заслужува внимане. Ѕирнете го и нејзиниот профил на Инстаграм @catoinamsterdam.

 

Објавено:
1 септември 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
719 пати