Мишел Обама свечено го отвори Центарот за костими „Ана Винтур“ во Њујорк

6 мај 2014

Првата дама на Америка, Мишел Обама, вчера на само неколку часа пред почетокот на Мет галата свечено ја пресече лентата по повод отворањето на реновираниот Центар за костими во рамките на Метрополитен музејот во Њујорк. Центарот беше применуван во „Ана Винтур“, според главната и одговорна уредничка на американски Вог, која што со години наназад е и покровител на музејот.

Ана Винтур Ана Винтур

Честа да ја пресече лентата на големата церемонија по повод отворањето на „Ана Винтур центарот за костими“ и припадна на американската прва дама, Мишел Обама. Ова не претставува изненадување со оглед на фактот што сопругата на американскиот претседател во два наврати се појави на насловната страница на американскиот Вог, а тој потег и го донесе статусот на една од најстилските први дами во историјата на модата.

Мишел Обама Мишел Обама

„Јас сум денес овде присутна, во чест на Ана, личност која бескрајно ја почитувам, и се восхитувам и горда сум што ја имам за мој пријател. Импресионирана сум од придонесот на Ана, не само во рамките на модата, туку и во многу други сфери на општественото живеење. Потврда дека таа е сестрана личност е и создавањето на овој центар“, изјави Мишел Обама во својот говор со кој што им се обрати на присутните.

Хамиш Боулс, Стела Мекартни и Сара Џесика Паркер Хамиш Боулс, Стела Мекартни и Сара Џесика Паркер

Првата дама додаде дека центарот има за цел да покаже дека модата не е „ексклузивен клуб за елитата“ ,и дека само тие можат да присуствуваат на вакви настани, поради фактот што можат да си дозволат да поседуваат скапи и луксузни работи. Овој центар е наменет за сите оние кои што се грижат за модата и за нејзиното влијание во областа на културата и генерално во историјата на уметноста.

Келвин Клајн и Ралф Лорен Келвин Клајн и Ралф Лорен

Големото отворање го проследија голем број познати личности од светот на шоу бизнисот и модната индустрија.

Објавено:
6 мај 2014
Категорија: 
Сцена