Ресорт колекција на Ботега Венета за 2015 година

9 мај 2014

Томас Мајер реши да си поигра со принтовите и цветните мотиви во однос на новата ресорт колекција, која е составена од парчиња во нежни, но и темни нијанси. Oсобено се издвојуваат двобојните фустани со впечатливи асиметрични линии и форми кои даваат дополнителна драматичност на целата колекција. За крај, модната куќа предлага парчињата од ресорт колекцијата да ги комплетирате со чанта од Ботега Венета, за добивање на класичен изглед.

Објавено:
9 мај 2014
Категорија: 
Колекции