Ресорт колекција на Томас Маер за 2015 година

20 мај 2014

Но сега благодарение на инвестиција работите за Томас Маер ќе се променат во позитивна насока и тоа со отворање на нов продажен салон во октомври во Њујорк. Во новиот бутик ќе бидат и парчињата од новата ресорт колекција за 2015 година, кои тој веќе ги прикажа во својот шоурум.

„Ова не е колекција за на писта, ниту уште еден едиторијал и немам намера да се натпреварувам со креирање на нова линија“ – изјави Томас кој својата ресорт колекција ја дефинираше како секојдневна во кежуал стил, која воопшто не се вклопува со концептот на Ботега Венета.

Со текот на годините Маер стекна статус на еден од најкреативните дизајнери кои секогаш знае да вметне интересни детали во своите парчиња. Така и овој пат, ресорт колекцијата зрачи со својата едноставност и софистицираност во однос на панталоните, оделата, фустаните, ремените за истакнување на струкот, транспарентни парчиња, долна облека и гладијаторските сандали кои го привлекуваат најголемото внимание од целата ресорт колекција за 2015 година.

Објавено:
20 мај 2014
Категорија: 
Колекции