Љубовното гнездо на Мери-Кејт Олсен и Оливиер Саркози

9 мај 2014

Куќата која е позната под името Turtle Bay Gardens, ново печениот пар Мери-Кејт Олсен и Оливиер Саркози ја купиле во април оваа година за вртоглава сума од 13.5 милиони долари од претходниот сопственик, познатиот уметнички сликар Дејвид  Доич. Куќата која што има шест ката е уникатно декорирана луксузна резиденција која што плени со својата рустикалност и евоцира спомени од едно изминато време.

Високите тавани украсени со амблеми и фрески потсетуваат на замоците и дворците од времето на ренесансата. Куќата има соба која што е целосно изработена од огледала и наликува на легендарната огледална соба која што се наоѓа во францускиот дворец Версај. Домот има и балска просторија, уметничко студио, базен сместен на кровот и лифт за полесно движење низ просторот.  Прекрасно уредената градина со цвеќиња, раскошната фонтана и големите камени столбови го заокружуваат и онака луксузното здание.

Објавено:
9 мај 2014
Категорија: 
Сцена