За WOW на неделата ја избравме стилската икона Блејк Лајвли која беше фотографирана додека го напушташе хотелот во мантил со пеперутка принт од Валентино, клач чанта од Маркеса и чевли од Кристијан Лубутан.

За LOL на неделата ја избравме можеби моментално најконтроверзната млада пејачка која постојано ги полни магазините со нови скандали. Овој изглед на Мајли Сајрус е доказ дека е направен апсолутно погрешен спој на дизајнерски парчиња. Иако на себе носи црвени кожени панталони од Мезон Мартин Марџела, војничко зелена јакна од Џек Вилс, маица од J. Crew, очила за сонце од Џереми Скот, ранец од Марк Џејкобс, чанта со војнички принт од Валентино и чевли на платформа од Џефри Кампбел, сепак стајлингот изгледа конфузно. Токму затоа Мајли е нашиот избор за најлош стајлинг за неделата.

Објавено:
13 мај 2014
Категорија: 
Без категорија