Овој проект ќе ги спои најдобрите „шкртачи“ на едно место од 24 до 26 октомври во Кејптаун, кој е избран за World Design Capital за 2014 година.
Правилата за овој натпревар се
- Твојот цртеж мора да биде изработен на Red Bull Doodle Art лист, кој може да се набави на факултетите или да се превземе одwww.redbulldoodleart.com.
- Цртежот може да биде нацртан во било која боја, со било која алатка, па дури и дигитално, користејќи компјутер, додека стилот на цртање е ограничен на “шкртање” (Doodling).
- Цртежите ќе се собираат од 12.05. до 29.05. на полноќ, и неоподно е цртежот да биде прикачен на страната www.redbulldoodleart.com.
- Гласањето ќе се одвива преку веб страната и преку Facebook, а ќе трае од 30.05. до 03.06. на полноќ.
- Дваесетте најдобри дела – со најголем број гласови , влегуваат во финалето и ќе учествуваат на изложбата на која жирито врз основа на: собраните гласови, стилот и креативноста ќе одлучи кој ќе биде победникот кој ќе оди во Кејптаун.
- Победникот на глобално ниво ќе ја има честта неговото дело да биде инспирацијата за новата колекција за гардероба на Red Bull Shop – от за 2015та година.
Останатите правила:
1. Неопходно е учесниците да бидат постари од 18 години.
2. Прифаќајки го учеството во овој натпревар, учесниците се обврзани да ги почитуваат сите правила на натпреварот. Во спротивно, организаторот има право да ги дисквалификува оние кои нема да ги почитуваат правилата.
3. Вработените во Red Bull, учесниците во организацијата или семејството на организаторот немаат право на учество во натпреварот.
4. Организаторот има право во било кој момент да ја провери исправноста на пријавата на учесникот и неговите податоци, но има и право да повлече од учество невалидна пријава.
5. Ако организаторот одреди дека победникот на натпреварот не ги исполнил условите за да ја освои наградата, организаторот има право истата да ја додели на следниот учесник со најголем број гласови.
6. Сите дела, идеи и цртежи приложени на организаторите во текот на натпреварот стануваат сопственост на Организаторот (Интелектуална сопственост на Организаторот). Организаторот го задржува правото на репродукција и апликација на делата на промо-материјали.
7. Учесникот се обврзува да учествува во сите промотивни кампањи на овој натпревар, како и во сите статии за весници и ТВ емисии. Собраните цртежи во текот на натпреварот и видео снимките може да се користат од страна на организаторите.
8. Ако од било кои причини, организацијата на натпреварот не оди според правилата, организаторот има право да ги промени правилата на натпреварот и правилата за учество во натпреварот.
9. Организаторот го задржува правото на превземање и користење на името и презимето на учесникот и негово публикување во јавноста за потребите на натпреварот.
Гласањето ќе се одвива на www.redbulldoodleart.com, од каде што 20те цртежи со најмногу лајкови ќе продолжат во финалето. За дваесетте финалисти ќе биде одржана изложба, на која стучно жири, составено од Јована Зука - модна блогерка, Горан - Indog - илустратор и Димитар Петровски - Дими - фотограф, ќе одлучи кој ќе биде победникот.
Вредни награди ќе има и за второто и трето место. Изложбата ќе се одржува на 6-7-ми јуни во Градскиот парк, во рамките на Skopje Street Festival.