Што да облечете денес?

16 мај 2014

Бидејќи очигледно и денеска времето ќе биде променливо, комбинацијата од тенок џемпер и тренди здолниште ни се чини најсоодветна. Со оглед на тоа што е петок, истиот направете го да биде уште полежерен одошто е, па облечете си широко и удобно џемперче во комбинација со црно здолниште во А линија. Што се однесува до чевлите, одберете кафени балетанки со „училишна“ чанта во иста боја. За да внесете свежина во целата комбинација, одберете марама во темно црвена боја, а кога станува збор за деталите, денеска одберете црн часовник што совршено ќе се вклопи во целата комбинација и секако, неизбежните тренди „ленонки“. Она што дефинитивно не треба да го заборавите е сјајот за усни во боја на праска со кој ќе ја повикате пролетта!

Уживајте во овој петок!

 

Објавено:
16 мај 2014
Категорија: 
Тренд