Уметничкиот дом на модните фотографи Инес и Винот

16 мај 2014

Инес ван Ламсверт и Винот Матадин, се едни од најпознатите модни фотографи, кои што имаа снимено безброј одлични фотосесии за многу модни светски списанија и рекламни кампањи за голем број познати дизајнерски имиња. Покрај тоа фактот што заедно студирале моден дизајн, тие во приватниот живот се сопружници и имаат заеднички син.

За списанието Architectural Digest, холадската двојка реши да ги отвори вратите од нивниот виртуелен дом, кој што презентира исклучително креативен декор и уметнички ентериер.

Живеалиштето се наоѓа во Менхетен и е составено од два апартмани кои што се соединети во една поширока мансарда. Винот Матадин раскажува дека долги години се обидувале да ги спојат апартманите и на крај одлучиле тоа да биде со мансарда. За реализацијата на нивната идеја во внатрешното уредување и креативниот спој на двете катчиња им помага дизајнерката за ентериери Даниел Сакс.

Домот на фотографската двојка е многу пријатно, светло и удобно место. Дрвената ламперија во речиси секоја соба остава впечаток на топлина, а бројните симболични фотографии кои што ги има насекаде низ домот им вдахнуваат живот на ѕидовите и создаваат неверојатно пријатен амбиент. Уметничкото расположение се надополнува со бројните мини библиотеки со книги, но и со сталажите полни со музички дискови и плочи. Етно мотивите вметнати во уредувањето и мебелот сведочат за културата и традицијата на нивната земја Холандија која многу им недостига.

Објавено:
16 мај 2014
Категорија: 
Сцена