Одличната Ерика Баду во креација на македонскиот дизајнер Марјан Пејоски

16 мај 2014

Талентираната американска пејачка Ерика Баду за фотосесијата направена за Essence магазинот изгледа неверојатно во креација на македонскиот дизајнер Марјан Пејоски кој работи под брендот KTZ!

Пејачката носи прекрасна транспарентна креација во розова боја со интересна и тренди шапка во иста боја.

Во интервјуто за магазинот, пејачката зборува за животот, за стилот и за својата оригинална музика во која што не престанува да верува.

На забавата во Њујорк организирана од Essence магазинот на која го прославија лансирањето на мајското издание, уникатната Ерика повторно се појави во креација на оригиналниот Пејоски.

Овојпат, таа се реши за бели панталони, алки и интересно ланче од колекцијата есен/зима 2014 на одличните KTZ.

На забавата на магазинот им беше оддадена чест на сите прекрасни и инспиративни жени во музичката индустрија меѓу кои и секогаш позитивната Ерика Баду.

Имено, македонскиот дизајнер Марјан Пејоски постојано се наоѓа на листите на омилените дизајнери на светски познатите личности, а во последно време и на раперот Виз Калифа и на омилениот меѓу тинејџерките – ултра популарниот Џастин Бибер.

Објавено:
16 мај 2014
Категорија: 
Актуел