Александар Ванг се претстави со ревија и изложба во Пекинг
•
17 мај 2014
Александар Ванг покрај тоа што приреди модно шоу за пролетната колекција во Пекинг, специјално за оваа прилика креираше капсулна колекција од 13 парчиња. Капсулната колекција „China Edition“ вклучува кратки топови, панталони, костими и шест коктел фустани во црна и бела нијанса. Парчињата ќе бидат достапни само во продажниот салон на Баленсијага во Кина.
Пред започнување на модната ревија, Ванг организираше и изложба во која беа вклучени 40 парчиња од модната куќа Баленсијага. Парчињата претставуваат ретроспектива на модата и креативноста на Кристобал Баленсијага од 1939 година, па се до доцните 60-ти години.