Во модерниот плакар на Малаика Фирт

19 мај 2014

Кога не е дел од модната писта, Малаика Фирт ќе ја сретнете на разни настани во светските метрополи секогаш дотерана од глава до пети. Нејзиниот вкус за мода е присутен како во однос на надворешниот изглед, така и во уреденоста на плакарот.

Манекенката е голем фан на модниот бренд Барбери, го обожава стилот на Ријана и секогаш предност им дава на парчињата во пастелна нијанса кои се одлично склопени со аксесоари во слична нијанса. Во однос на аутфитите,  Малаика секогаш има спремни комбинации, кои по својот стил се префинети со доза ексцентричност во однос на модните додатоци. Доколку го обожавате нејзиниот стил, тогаш проследете ги фотографиите од нејзиниот плакар во модерен контекст.

Објавено:
19 мај 2014
Категорија: 
Сцена