Дизајнерите создадоа креации за хероините од „Волшебникот од Оз“

19 мај 2014

Познати модни дизајнери и костимографи создадоа креации за хероите од познатата приказна „Волшебникот од Оз“. Меѓу учесниците на проектот се најдоа имињата на дизајнерите Марк Џејкобс и Ерве Леже, кои што имаа моден предизвик да ги облечат познатите ликови од фамозната приказна Дороти, добрата волшебничка Глинда и лошата вештерка од западот.

Дизајнерите ја обединија својата креативна мисла со цел да ја прослават 75 – годишнината од класичниот филм „Волшебникот од Оз“. Покрај Марк Џејкобс и Ерве Леже, како дел од учесниците во проектот се и DKNY, Џени Пакман, BCBG, Бетси Џонсон, Рем Акра, Дона Каран, Трина Турк, костимографите Лин Паоло, Кери Вашингтон и други. Нивните креации ќе бидат изложени на четврти септември на добротворна аукција која што ќе се организира во рамките на модната недела во Њујорк.

BCBG Макс Азриа скица за ликот на Глинда BCBG Макс Азриа скица за ликот на Глинда

Погледнете ги модните перцепции за главните ликови што ги понудија дизајнерите.

Дона Каран, скица за ликот на лошата вештерка од Западот Дона Каран, скица за ликот на лошата вештерка од Западот

Џени Пакман, скица за ликот на лошата вештерка од Западот Џени Пакман, скица за ликот на лошата вештерка од Западот

Трина Турк, скица за ликот на Дороти Трина Турк, скица за ликот на Дороти

 

 

Објавено:
19 мај 2014
Категорија: 
Актуел