67-издание на наградите „Тони“, беше момент кога можевме да ги погледнеме големите холивудски ѕвезди како чекорат по црвениот килим во Њујорк. Освен добиените награди за најдобрите достигнувања во Бродвеј, актерските ѕвезди ги покажаа и своите изгледи во брендираната облека, која ја презентираа со позирање пред камерите и фото апаратите. Критиките и коментарите од моден аспект не изостанаа на светско ниво, а не ги заобиколивме и ние. Дизајнерката Фросина Ангеловска направи свој преглед на тоа кој како изгледаше на свеченоста.
Отмено, воздржано, елегантно но сепак сигурно. Недостасува малку возбуда во изборот на овој аутфит.
Фустанот одлично и прилега, достоен и прибран. Иако во кројот не е ништо спектакуларно, моделот е иновативен а бојата е трендовска и го освежува.
Тренди и шик. Остро и чисто. Идеално постигната елеганција со крој, боја, шминка и аксесоари, се до моментот кога е разбиено со животински прит кој допринесува за свежина на стајлингот.
Преубав уникатен асиметричен крој, спој на бои кој е сосема адекватен а истото важи и за минималистичките аксесоари кои не го фрлаат во сенка фустанот туку одлично го надополнуваат.
Премногу тантела на голема површина. Кројот е премногу застарен и не оди во спој со екстра младешката фризура. За чевлите останувам без коментар!