Ралф Лорен со нова есенска колекција за деца

21 мај 2014

Ралф Лорен на крајот на модното шоу Ралф Лорен на крајот на модното шоу

Во Националната библиотека во Њујорк, пред два дена модниот гение Ралф Лорен организираше детска модна ревија на која настапија вкупно 55 дечиња, носејќи ги новите парчиња облека од есенската колекција за 2014 година. На модниот перформанс настапија и децата на познатите ѕвезди меѓу кои  Египет, првородениот син на црномурестатата хип хоп дива Алиша Кис и Ангела Ванг, ќерката на Ли Јанг.

Алиша Кис со малите манекени Алиша Кис со малите манекени

 

Децата одлично ја промовираа новата колекција која како своја таргет група ги посочува учениците од основните училишта. Линијата вклучува поло и маички со риги, шарени украсни копчиња, џемпери со интересни дезени и апликации на животни, сите заедно споени во нова свежа палета бои и тонови. Честа да го води модното шоу и припадна на актерката Ума Турман.

Лорен Буш, Дејвид Лорен и Ума Турман Лорен Буш, Дејвид Лорен и Ума Турман

За време на модното дефиле, брендот ја промовираше новата маичка која е дел од новото лимитирано издание на капсулната колекција која ќе биде во продажба во сите продавници на Ралф Лорен почнувајќи од петти август. Еден дел од средствата од продажбата ќе бидат донирани во неколку добротворни организации во САД.

Објавено:
21 мај 2014
Категорија: 
Колекции