Иложбата на култниот Дејвид Боуви допатува во Берлин

21 мај 2014

Музичката и модна  икона Дејвид Боуви уште од своето појавување ги инспирира луѓето да „играат“ според сопствените правила. Токму по такво начело се водат и организаторите на големата ретроспективна изложба во Берлин која беше отворена вчера .

 

Поставката  вклучува изложување на творечкиот пат на Боуви преку фотографии, текстови, предмети кои го отскуваат детството, адолесценцијата и подемот на музичката област. Инаку, оваа изложба првпат беше промовирана минатата година во лондонскиот музеј „Викторија и Алберт“ , а ја посетија повеќе од 50 илјади посетители. Истиот одзив се очекува и во Германија од отворањето па се до 10-ти август.

 

 

Објавено:
21 мај 2014
Категорија: 
Култура