Ресорт колекцијата која Charlotte Olympia ја претстави за 2014, истовремено е весела и елегантна. Необичен спој, нагласен со силни бои, кои се испреплетуваат со неутрално црна и бела боја како основни во концептот, правејќи ги моделите да изгледаат суптилно но ефектно.

 

 

Чантите кои ги промовира колекцијата се мали во форма плик, со впечатлив колорит, и мали детали кои се дополнителен мотив за да привлечат нечие внимание. Мистичната приказна за пандорината кутија и слатките цреши се дополнителен извор на инспирација кои на оваа колекција и даваат посебен шмек и шарм. Чевлите се класични, најчесто црни со по некој детал на нив. Црешата како мотив е водечка идеја низ целата колекција, но Charlotte Olympia инспирација наоѓа и во црно-белиот контраст, и замислете во чашите за сладолед. Интересен спој на елементи, бои,мотиви, класичното и модерното, кои оваа линија ја прават уникатна, слатка и посакувана.

 

Објавено:
19 јуни 2013
Категорија: 
Модни додатоци