Пет модели на чевли за претстојните празници
•
28 ноември 2013
Во новите колекции преовладуваат златната, црвена и црна нијанса, чевлите се украсени со скапоцени камења, кристали и други детали кои се неопходни за да се постигне свечен изглед.
Салонките се пред се во знакот на елеганцијата, а модните куќи се потрудија да создадат модели со кои секоја девојка би се чувствувала гламурозно за време на празниците. Чевлите буквално може да задоволат сечиј вкус, за оние кои сакаат поедноставен, а впечатлив изглед и за оние кои сакаат блескави детали низ целиот модел. Во продолжение погледнете ги петте модели кои нив ви ги нудиме како избор за претстојните празници.