Гостите на Шанел Круз ревијата во незаборавни и уникатни комбинации!

27 мај 2014

Веруваме дека веќе ја погледнавте презентацијата на Шанел Круз колекцијата за 2014/15 година, но денеска ви ги презентираме изгледите на ВИП гостите кои присуствуваа на ревијата.

Тие пристигнаа на приватниот остров на принцот од Дубаи – Шеик Хамдан бин Рашид Ал Мактум, што модната куќа го изнајми за цели 2.5 милиони долари, во своите најдобри изданија било кога!

Нивните уникатни и мистични комбинации од модната куќа Шанел во комбинација со луксузната атмосфера и магијата на самиот остров, беа вистински празник за очи.

На ревијата се појавија и некои од најголемите обожаватели на Шанел, како актерката Тилда Свилтон, Фрида Пинто, Карин Ројтфелд, Дакота Фенинг, Ванеса Паради и пејачката Жанел Мона, сите облечени „од глава до пети“ во неверојатните парчиња на Шанел.

Сите девојки, за таа прилика имаа одбрано посебни и навистина уникатни комбинации, а најголемо внимание дефинитивно оставија младата Дакота Фенинг која се појави во разнобојна креација од пердуви од модната куќа и прекрасната Фрида Пинто која за таа прилика одбра краток бел топ со карнери и долго здолниште во неколку бои.

Во продолжение, погледнете ги одличните комбинации на гостите на ревијата на Шанел во единствениот Дубаи!

Објавено:
27 мај 2014
Категорија: 
Фото галерија