Дебитантска модна ревија на Селин во Пекинг

29 мај 2014

Во четвртокот вечерта модната куќа Селин имаше дебитантско претставување на својата есенска колекција во Кина. На ревијата се појавија околу 500 гости кои со нетрпение очекуваа ваков спектакуларен настан кој ќе допринесе во иднина и други светски модни куќи да се претстават пред оваа публика, а со тоа и да ја стават Кина на модната карта.

Меѓу гостите кои се појавија на ревијата беше и познатата кинеска актерка и пејачка Фаје Вонг, која е дел од содржините на јунското издание на магазинот Вог за Кина и тоа во креација на Селин.  Извршниот директор на модната куќа, Марко Гобети во интервју пред одржувањето на ревијата изјавил дека со оваа ревија Селин на одреден начин се заблагодарува на кинеските клиенти за големиот интерес кои тие го имаат за модната куќа. Од вкупно 90 продажни салони на Селин во светот, 20 се во Кина.

Објавено:
29 мај 2014
Категорија: 
Актуел