Сем Рајли ќе ја раскаже зимската бајка на Ermenegildo Zegna Couture

2 јуни 2014

Актерот Сем Рајли го замени неговиот колега Џејми Дорнан и е новото заштитно лице на машката колекција за сезоната есен-зима 2015 за модниот бренд Ermenegildo Zegna Couture.

Рајли е познат по улогите во филмовите On The Road, Control и моментално најактуелниот Maleficent, а неговиот изглед беше доволна провокација за модниот двоец Инес ван Ламсверд и Винод Матадин кои водени од креативниот директор на модната куќа Стефано Пилати, создадоа модерни фотографски рамки надополнети со стилски ретро вибрации на едно време.

Ова не е прв проект од ваков тип за актерот. Имено во 2008 година тој го имаше својот деби настап во кампањата на Барбери Прорсум, каде позираше во заедно со прекрасната Рози Хантингтон Витли.

 

Објавено:
2 јуни 2014
Категорија: 
Актуел