Манго ви ги претставува новите парчиња за на плажа
•
3 јуни 2014
Канадско-украинскиот супермодел Дарија Вербоу, ја има водечката улога на жешкиот песок во најновата летна рекламна кампања на шпанскиот бренд Манго. Станува збор за најава на најновите парчиња за на плажа кои ги следат бохо и хипи вибрациите. Кампањата е изработена од Џош Олинс, а Дарија му позира облечена во најновите парчиња за на плажа од популарната етикета. Таа носи две комбинации, едната е нежно беж кратко фустанче од лесен материјал, додека другиот фустан е макси со интересен израз околу вратот кој потсетува на ѓердан. Засега од оваа колекција објавени се двата фустани, широка хипи кошула и елек со реси коj оваа сезона е апсолутен хит.