Црно белиот свет на Мила Јовович во капсулната колекција на Марела

2 јуни 2014

Италијанскиот бренд Марела ја презентира новата кампања за капсулната колекција Арт.365 чие заштитно лице повторно е актерката и модел Мила Јовович. Колекцијата вклучува 14 ready to wear функционални парчиња како мото јакни, комбинезони, неколку мини фустани, пуловери и макси здолништа.

 

Фотографиите од кампањата се изработени во црно-бела техника, односно клучните бои од колекцијата. Инаку, Јовович е заштитно лице на брендот уште од 2012 година, а исто така минатата година таа се проба и во дизајнирање на капсулна колекција за брендот.

Објавено:
2 јуни 2014
Категорија: 
Сцена