Дејвид Бекам утре ќе ја презентира мото-колекцијата

9 јуни 2014

fs-beckham

Колекцијата на мото јакни на Дејвид Бекам за Белстаф ќе биде презентирана утре. Поранешниот фудбалер кој е и заштитно лице на Белстаф за оваа година, дизајнираше капсулна колекција, која се состои од 10 мото јакни. Заинтересираните ќе имаат можност да ги купат на сајтот belstaff.com.

-Одлуката да работам со Белстаф е една од најлесните што сум ги донел, особено имајќи предивд дека веќе имам неколку винтиџ класични јакни со овој потпис. Кога на тоа ќе се додаде фактот дека и самиот сум бајкер, сметам дека спојот е идеален. Мојата капсулна мото колекција е рефлексија на она што го носам секој ден кога возам мотор или се релаксирам. Купувам многу винтиџ парчиња и мојата колекција го одразува тоа чувство - вели Бекам.

Парчињата од неговата најнова колекција ќе се движат од 95 долари за Маици, 395 долари за панталони до 695 за чизми и 1.950 за кожени јакни.

Објавено:
9 јуни 2014
Категорија: 
Актуел