Кремот на Холивуд се собра на доделувањето на Guys Choice Awards

9 јуни 2014

По  Оскарите и Златните Глобуси, голем број холивудски ѕвезди заедно можевме да ги видиме на доделувањето на  Guys Choice Awards, кои се во организација на кабелскиот канал Spike, а гледачите на овој канал директно учествуваа во изборот на победниците.

Оваа година, една од наградените со „златните рогови“ беше Сандра Булок, а на сцената заедно се појавија Кијану Ривс, Хју Гранд и Метју Меконахи , кој исто така беше награден за улогата во филмот„ A time to kill“. Интересно е што минатата година оваа награда ја доби Бен Афлек, кој неколку месеци претходно го доби Оскарот. Меѓу останатите гости и презентери беа Ријана, Оливија Мун, Џесика Алба и Марк Волберг.

Објавено:
9 јуни 2014
Категорија: 
Сцена